Некогашната ЈУ лото девојка, српска водителка и пејачка, Сузана Манчиќ (64) откри дека Бранислав Лечиќ (65) наводно не сакал да биде со неа.
Водителката вели дека многу и се допаѓал актерот, но дека тој наводно не бил заинтересиран за неа.
„Тој беше момче во тоа време, но сите жени го сакаа. Беше организирана вечера. Сепак, тој не реагираше на мене. Можеби не бев негов тип. Има толку многу приказни дека јас сум секс симбол и неодолива… Ама ете! Никогаш не ми се јави потоа, подоцна го сретнав со сопругата“ – рече Сузана.
Таа додава дека е многу изненадена од обвинувањата упатени кон Лечиќ од Даниела Штајнфелд и Мерима Исаковиќ:
„Јас сум збунета! Лечиќ е свесен за себе и за своите квалитети, тој отсекогаш ги имал најубавите жени. Ма, тој нема дамка. Не верувам дека некого силувал. Тој нема потреба да биде со некого на сила. Жал ми е што тој мора да се брани од вакви ужасни обвинувања, ап при тоа нема сведоци кои би можеле да кажат што точно се случило“ – вели Манчиќ.
„Мерима Исаковиќ се повикува на сведоци кои се починати, како што е Драган Николиќ, кога вели дека му се доверила пред 43 години. Даниела изјавува: „Ме силуваше мојот голем пријател“, а потоа таа продолжува да работи со него во театарот. Така, секој може да покаже со прст кон кој и да било човек и да каже: „Ме силуваше!“ И потоа оди и раскажи им тажна приказна на медиумите. Не ги познавам тие жени, сè е можно, но недостасуваат докази, и без докази, нема вина“ – вели Манчиќ и заклучува:
„Не сакам да застанам на ничија страна. Лечиќ беше љубезен, не одддаваше впечаток дека може да биде арогантен и насилен. Судот нека донесе пресуда“ – заклучува водителката.
Фото: Инстаграм принтскрин/suzanamancicofficial/branislav.lecic.official