Радио Милева

Сузана Манчиќ откри зошто не сака да се пресели кај својот сопруг во Атина

Сузана Манчиќ откри зошто не сака да се пресели кај својот сопруг во Атина

Сузана Манчиќ веќе две децениии ужива во љубовта со нејзиниот партнер  Симеон Оцомоко од Атина, но како што вели во интервју за еден српски портал, таа нема намера да се пресли и да ја менува локацијата на живеење.

„Симеон нон стоп ме принудува да се преселам во Грција. Не размислувам за тоа бидејќи многу сум поврзана за Белград. Куќата, моите ќерки Теодора и Наталија, кариерата, ма се. Немам ништо против да бидам анонимна жена во некој друг град, но овде се чувствувам како свој на свое. Ми годи кога луѓето ќе ме препознаат на улица и ќе ми дадат компилимент“ вели Сузана.

фото: Инстаграм

На прашањето кој е рецептот за складан брак, Манчиќ вели:

„Со текот на времето научивме да правиме компромиси. Тоа е многу важно, а луѓето често проблемите ги туркаат под килим“ вели Манчиќ.

На прашањето дали има моменти кога не се согласувале, Манчиќ вели:

„Секако. Кога ќе се скараме, настанува хаос. Пука на сите страни. Но, секако тоа кратко трае. Возрасни сме и сите проблеми брзо ги решаваме. Навикнати сме еден на друг“ вели екс водителката.

фото: драгана удовичиќ

Кога станува за селење во некоја европска држава, Манчиќ вели:

„Каде и да одиш само дома се врати. Можам секаде да патувам, но најубаво се чувствувам дома. Ако се одлучам некогаш да ја сменам локацијата, тогаш би се преселила во Италија. Тоа е магична земја, а ни сама не знам колку пати сум била таму“ вели Сузана.

To top