Познатата водителка Сузана Манчиќ по долги години кариера и многубројни награди донесе одлука да се пензионира.
-Имам многу години на работен стаж, а сега имам и години на возраст, така да ќе се пензионирам. Пензијата е феноменална работа, изјави Сузана.
Меѓутоа, нејзиното заминување во пензија не значи дека нема повеќе да ја гледаме не ТВ екраните, а Манчиќ вели дека е многу горда на својата кариера и дека имала многу успеси и неуспеси.
-Не можеме да живееме од некои наши соништа бидејќи кариерата има свои успеси и неуспеси и чудно е што толку време траам. Јас сум реална, погледнете колку млади личности се борат за своето место под сонцето, колку од нив се борат за своите позиции, вели Сузана и додава дека кариерата на млади луѓе во ова годишно време многу се разликува од времето кога таа почнувала.
Сузана признава дека не би го издржала темпото на денешните пејачи.
-Порано тоа не беше така. Продукциските куќи водеа грижа за нас, не моаше да бидеш број 1 за одиш на концерти, а сега тоа е така. Сега се пее по клубови, почнуваат да пеат во 1 навечер, а јас тогаш завршував, едноставно не го сакам тоа темпо на живот и мислам дека нема да можам да го издржам, вели Манчиќ.
фото: Оливер Буниќ/принтскрин тв курир тв/инстаграм