Радио Милева

Сузана Манчиќ доживеала вистинска драма поради таблети за слабеење: „Рацете ми беа ладни, а пулсот 200“

Сузана Манчиќ доживеала вистинска драма поради таблети за слабеење: „Рацете ми беа ладни, а пулсот 200“
фото: драгана удовичиќ

Една од најзгодните водителки и пејачки, Сузана Манчиќ раскажа како и се слошило поради таблети за слабеење.

Како што вели, користела таблети од Бразил без етикета, без никакви предупредувања, а токму тоа придонело да заврши во болница.

фото: Принтскрин

„Користев препарат без никаква етикета и предупредување. И навистина имаше дејство, но мислев дека мене тоа никогаш нема да ми се случи, но ете ми се случи. Една вечер се разбудив, пулсот почна да ми се качува, а јас на пет дена престанав да го земам тој препарат. Едноставно, организмот ти дава знаци. Но, пет дена среде ноќ не можев да ги избројам отчукувањата на срцето, беа околу 180 и 200. Рацете ми беа ладни, завршив во болница. Тогаш бев во Грција и се заколнав дека никогаш повеќе нема да користам нешто за слабеење. Навистина изгледав холивудски, но дали треба да бидем холивудски мртва, подобро да бидам балкански жива. И  сите мои пријателки на кои им ги порачав таблетите имаа исти симптоми, забрзано чукање на срцето и вознемиреност“ вели Манчиќ.

Меѓутоа, Сузана со диета и понатаму користи некое средство за намалување на вишокот на килограми.

Останати вести од Радио Милева