Сузана Манчиќ важеше за една од најубавите девојки на поранешна Југославија. Се занимаваше со пеење, глума, а своевремено беше и омилената „лото девојка“. Таа пленеше со женственост и убавина додека мажите воздивнуваа по неа.
Малку подоцна таа стана водителка, но и писателка.
На неа годините ништо не и можат,па и денес изгледа привлечно и младо. Зад себе има еден брак од кој излезе уште посилна, иако трпеше понижување и омаловажување. Од таа врска има две ќерки кои ја наследиле убавината на нејзината мајка, а едната е во успешен брак.
View this post on Instagram
Неколку години подоцна стапила во долгогодишна врска со Симеон Окомокос, за кого подоцна се омажила.
Таа денес е среќна и исполнета, а за нејзината убавина сѐ уште се зборува.
На интернет кружи фотографија од почетокот на нејзината кариера во јавноста, која предизвика лавина позитивни коментари и која јасно објаснува зошто ја носела титулата најубава жена.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Естрадни Времеплов/Инстаграм/Соња Спасиќ