Радио Милева

Сурогат мајка ќе му роди дете на Милан Станковиќ?

Сурогат мајка ќе му роди дете на Милан Станковиќ?

Иако важи за миленик на публиката, со години наназад Милан Станковиќ истакна дека не може да ја најде сродната душа.

Токму поради тоа, како што пренесува „Скандал“, Станковиќ ќе ангажира сурогат мајка да му роди син.

Бидејќи не му оди во љубовта по врската со Рада Манојловиќ, пејачот одлучил да тргне по стапките на Кристијано Ронадло и да стане татко на неконвенционален начин.

Според пишувањата на спомнатиот магазин, Милан разговарал со некои пријателки тие да му подарат потомство, а дека тој за возврат ќе им обезбеди иднина, под услов да немаат право на детето.

Станковиќ не се огласи по овој повод, но изворот тврди дека се уште не донел конечна одлука.

To top