Мегафон

„Суперхикс“ како музички репрезенти на „Северна“ во Бугарија и Грција

„Суперхикс“ како музички репрезенти на „Северна“ во Бугарија и Грција

„Суперхикс“ – банда инструментале најавија настапи во Бугарија и Грција. Како што соопштија од Суперхикс, прв е целовечерниот соло концерт во култниот музички клуб „Строежа“ на 21 септември, среда,  во Софија, по што следи и краток акустичен сет во „Catch A Fire shop“ во Софија.

Вториот настап е закажан за во Солун на 23 септември, петок како дел од популарниот „Стрит Муд Фестивал“ каде бината повторно ја делат со легендарните њујорчани „Fun Lovin’ Criminals“ по нивниот заеднички настап на Таксират, 2003 година. Суперхикс ќе се претстават пред грчката публика со свој 50 минутен концерт.

 

To top