Мерјем Узерли ја разочарала колешката од турската серија „Величествениот“.
„Исцрпена сум…“. Тоа беше сė што изјавила Мерјем пред да си ги собере работите и да си замине од Истанбул каде што работеше на серијата „Величествениот“.
Во мај 2013 година, султан Хурем изненадно го прекина снимањето и без објаснување ја напушти екипата на проектот кој тогаш рушеше рекорди.
Неодамна, продуцентот на серијата, Тимир Савџи откри дека актерката со турско потекло страдала од психичко пореметување. Таа не можела да го издржи притисокот и си заминала. На нејзините колеги не им било седно бидејќи ги оставила на цедило. Иако подоцна се зборуваше дека доживеала нервен слом, па и наводно се обидела да се самоубие скокајќи од зграда, некои нејзини соработници немале разбирање за неа. Меѓу нив и е колешката Пелин Карахан која ја играше султан Михримах.
-Не, не требаше тоа да го направи. Не е во ред. Тоа го направи без почит кон екипата, изјави актерката.
фото: тимс промо