Иако добивал казни поради лошо возење, актерот и водителот Милан Калениќ продолжил непристојно да се однесува во сообраќајкот.
Основниот суд во Белград распишал две наредби за приведување на Калениќ кој не се огласувал на судските покани.
Калениќ направи два сообраќајни прекршоци – пребрзо возење во населено место и недозволено претекување.
Водителот не се огласи на судските покани заради издавање на пресуда и казна.
„Судот во Белград распиша две потраги за Милан Калениќ кој не се огласи на судските повици. Бидејќи беше невозмоно да се лоцира актерот, судијата нареди да се приведе“ изјави добро известен извор за „Блиц“ и додава: „
Сепак, судот одлучил актерот сам да се јави поради направените прекршоци.
„Поради невозможноста да се лоцира актерот, судија одлучи Милан сам да се јави во судот. За првиот прекршок актеорт може да се појави во суд секоја среда од 10 до 13ч, а за вториот прекршок може да се јави секој четврток“ вели изворот..
Калениќ се уште не се појавил во судот.