Општинскиот суд во Загреб донесе привремена мерка со која Северина Којиќ и нејзиниот сопруг Игор Којиќ мораат од социјалните мрежи да ги избришат фотографиите од малолетниот Александар Поповиќ кој Северина го доби со нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ.
Одлуката на судот е на барање на Милан кој сака да го заштити Александар.
Северина и Игор имаат осум дена да ги избришат сите фотографии од малиот Александар, а потоа ни едниот ни другиот не треба да објавува фотографии од синот.
Ова мерка е привремена додека не се заврши парницата меѓу Северина и Игор.
Во случај да не ја испочитуваат ова одлука, Северина и Игор ќе мора да платат казна од 80 000 динари.
Мерката се однесува и на медиумите, односно телевизијата,јавни настапи…