Радио Милева го стопи снегот...

„Студеното не ме допира“: Теа Трајковска како Кардашијанс – на минус позира по бикини (фото)

„Студеното не ме допира“: Теа Трајковска како Кардашијанс – на минус позира по бикини (фото)

Надвор владеат ниски температури и е камен студено. Иако понекогаш сонцето знае да ѕирне од зад облаците, сепак не “лаже“ дека е топло.

Од својот дом не излегуваме без својата зимска опрема, односно топлиот капут, капа, шал… А тука е и  чајот за да не стопли.

Многу македонски јавни личности го искористија почетокот на година и првата година од јануари за да заминат некаде на зимување и да се впуштат во зимските авантури.

Така, додека некои од јавните личности имавме прилика да ги видиме во  зимска опрема, „маскирани“ за да се спасат од студеното време, Теа Трајковска е „обратна“.

Имено, во светот  е тренд да се фотографираш по бикини или долна облека на снег, а овој тренд го покренаа сестрите Кардашијан.

фото: принтскрин/инстаграм

Меѓутоа, и некои од српските јавни личности не одолеа на трендот, па се фотографираа во бикини или голи на снегот.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/nov-trend-na-instagram-tea-zoranah-i-bojana-poziraat-goli-na-snegot-foto/

На овој предизвик се приклучи токму и македонската пејачка Теа Трајковска која на студеното време позираше во бикини и капче на главата.

„Студеното не ме допира“ напиша Теа во описот на фотографијата, а под истата се нижеа само позитивни коментари меѓу кои и: „Грмиш и на студено“.

фото: Принтскрин/инстаграм.театрајковска

Но, да не биде дека Теа ужива само во бикини и во вода, туку  е и зимската опрема и скиите, па пејачката се впушти и во зимските авантури.

фото: Принтскрин/инстаграм

Веруваме, дека Трајковска уживала во секој миг и ги наполнила батериите за следните активности.

To top