Фолк пејачот Милан Станковиќ во последните неколку години се повлече од јавниот живот и се посвети на црквата, а неколку пати се шпекулираше дека станал искушеник во манастирот Подмајне кај Будва.
Милан сега беше присутен на предавање во Невесиње, каде покрај него беа присутни и многу верници и свештени лица. Според локалните медиуми, Милан често посетува манастири и им помага на свештениците. Инаку, Милан на предавањето дојде во придружба на неговиот духовен отец Рафаило (Бојовиќ), кој зборуваше на тема за „Крстот“.
Отец Рафаило (Бољевиќ), игумен на манастирот Подмајне, вечерта во кино салата на Центарот за култура „Небојша Глоговац“ одржа предавање на тема „Крстот – знак на победата“. Станковиќ седеше во првиот ред, целиот во црно, со долга коса и брада.
И Милан на својот Инстаграм попладнето на својата инстаграм приказна објави видео од манастирот Невесиње. Милан Станковиќ последен пат се појави во јавноста пред неколку години, а тогаш имаше сосема поинаков имиџ.
Фото: Фејсбук принтскрин/kcnevesinje