Радио Милева нова трансформација за еротска имагинација

Струмичката Барбика во секси долна облека во новиот спот: Во високи чизми и секси руба качена на хауба (ФОТО)

Струмичката Барбика во секси долна облека во новиот спот: Во високи чизми и секси руба качена на хауба (ФОТО)

Фолкерката Сања Цинцева – Барбика деновиве го снимаше видеоспото за нејзината нова музичка тема која се’ уште нема добиено официјален наслов, а е авторско дело на Дејан Момировски и Борче Нечовски.

Откако од црнка, одново се му врати на стариот имиџ повторно престорувајќи се во русокоса, фолкерката сподели неколку фотографии на социјалните мрежи од снимањето на видеото, на кои се гори од сексапил.

Во секси руба качена на хауба: црвено спортско боди и бели високи чизми над коленици, во жартиери и само по бели најлон чорапи, градник и гаќички од тантела легната во постела или само во месо боја корсет, струмичката Барбика изгледа како оние, големите музички ѕвезди од белиот свет.

Нова трансформација за еротска имагинација за која биле задолжени мејкап стилистот Даниел Николовски и Викторија Бурсаќ – Петров.

Спотот се  снимал во Скопје, а зад камерата и режисерската палка стои  познатиот уметнички фотоограф и видео „магионичар“,  Дарио Јанковиќ.

Инаку, новата песна на Барби е всушност дуетска тема со музичкиот волшебник на труба, Џамбо Агушев и неговиот оркестар, кој пак за прв пат публиката ќе има можност да го види во улога на рапер.

Нешто како Бијонсе и Џеј Зи, само што нашиве се само музички соработници, а не и брачни сопружници или љубовници и секако, во прашање е сепак мешавина на аре ен би, рап и најмногу балкански фолк.

 

 

 

To top