Поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ почнува в среда, 21 август, а ова е програмата за првиот ден. Сите настани се во Струга.

10:00       Садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2019 година, романската поетеса Ана Бландијана. („Парк на поезијата“)

12:30       Прес – конференција со Ана Бландијана (Конгресна сала, Хотел „Дрим“)

13:30       Отворање на изложбата „ОБОЕНА КОЛЕКЦИЈА НА РАДОСТ“ на Сашо Блажес (Конгресна сала, Хотел „Дрим“)

20:30       Официјално отворање на Струшки вечери на поезијата 2019 година (Плато пред Центар за култура)

21:00       „Поетски меридијани” – Меѓународно поетско читање (Плато пред Центар за култура)