Радио Милева

Стројна и бујна: Едина Муса покрај мускулите го покажа и останатиот потенцијал (ФОТО)

Стројна и бујна: Едина Муса покрај мускулите го покажа и останатиот потенцијал (ФОТО)

За македонската кошаркарка и боди фитнес девојка, згодната и шармантна Едина Муса минатата година беше година на повторно откритие. Успесите, медалите, до перфекција доведената фигура заедно со  плочките на стомакот и останатата мускулатура направија да стане интересна за медиумите и спонзорите.

Се редеа бројни написи, фотосесии ТВ гостувања… па така згодната Едина стана и хероина, или поточно една од 12-те избрани македонски спортистки на традиционалниот календар на познатиот македонски бренд за вода и безалкохолни напитоци.Па, Едина покрај успешен спортист, стана и медиумски популарен лик.

Дека има совршено тело, и извајана фигура како скулптура, сите видовме… Покрај тоа нејзиниот најсилен адут, секако е и заобленото извајано газе од соништата… И женски и машки! Со таа разлика што првите сонуваат да го имаат на себе, а вторите, да го имаат… до себе!

Арно ама на една од последните постирани фотографии згодната Едина покажа дека покрај мускулите располага и со друг телесен потенцијал. Веројатно снимена на некоја семејна веселба, убавата фитнес атлета покажа дека е и стројна и бујна. Сликана во друштво на уште две ништо помалку од неа и убави, згодни, стројни и бујни дами,  Едина ги покажа своите досега скриени адути, удобно сместени во длабокото деколте.

Дека и со други атрибути природата ја надарила срамежливо најави уште во новогодишната фотосесија за еден македонски портал.

Но вој пат, згодната фитнес јасно покажа со што уште располага кога е телесниот раскош во прашање…

А, од приложеното јасно се гледа, дека нејзината стројна фигура има и бујна предна визура!

 

Останати вести од Радио Милева