Радио Милева вкусовите не се менуваат

Строгото правило на семејството Гудељ, Анастасија редовно го крши и никако не може да го испочитува (фото)

Строгото правило на семејството Гудељ, Анастасија редовно го крши и никако не може да го испочитува (фото)

Семејството Гудељ има само едно правило.

За наводните искри меѓу семејствата Гудељ и Ражнатовиќ на големо се пишуваше последните месеци, а откако Анастасија Ражнатовиќ и официјално стана госпоѓа Гудељ, се чини дека страстите меѓу двете куќи се смирија.

Многу се шпекулира за односот на двете семејства, од тоа што мајката на Немања Гудељ, Оливера од самиот почеток не ја поддржувала врската со ќерката на Цеца, дека не се појавила на свадбата на нејзиниот син во Србија или дека таа на својот Инстаграм профил остава интригантни пораки кои се директно упатени до Ражнатовиќ.

Дали ги надминале сите наводни проблеми се уште не се знае, исто како што никогаш не е потврдено дека двете семејства се скарани. Но, семејството Гудељ сигурно има една лутина кон Таса.

Семејството Гудељ е крајно дисциплинирано, бидејќи сите се спортисти. Здравиот начин на живот се зема здраво за готово и тие избраа да се хранат вегански.

Самиот Немања е на оваа диета веќе една деценија и верува дека храната без животни му помага да има повеќе енергија за време на игрите и тренинзите.

Сепак, Анастасија сè уште не може да се откаже од месото, јајцата и млекото.

Таа дури се пофали и со сармата што ја изеде при пристигнувањето во Белград, што само значи дека не е подготвена да се откаже од разните пмесни јадења кои се апсолутно забранети во семејството Гудељ.

фото:Instagram printscreen/ raznatovicanastasija

To top