Џенифер Лопез неодамна сподели на Инстаграм фотографија на која е во минијатурно бикини, а истата е од филмот „Hustlers“. Филмот е според приказната на поранешна стриптизета која ги покрала своите богати киленти што навистина се случило пред неколку години.
Меѓутоа, една стриптизета, Саманта Барбаш поради тоа е осудена на пет години условна казна, а сега се огласи и ја нападна Лопез дека ја украла нејзината животна приказна, поради што сака пари.
-Ако заработува на мојата приказна би требало да признае дека тоа е моја приказна и веројатно заслужувам некаков надомест. Ќе го сопрам снимањето бидејќи сум погрешно претставена, вели Саманта за „Њујорк пост“.
Инаку, оваа поранешна стриптизета била главна на банда која ги дрогира мажите и од нив ги зема кредитните картички. Намерно целта им била оженети мажи за да може да ги уценуваат.
-Чест ми е што ќе ме глуми, но мислам дека прво би требало да разговара со мене. Јас ја знам целата приказна – вели поранешната стриптизета неодамна, но подоцна одлучила да ја тужи фирмата , бидјеќи денес е деловна.
-Имам свој спа центар и наскоро отварам друг. Успешна сум , вели поранешната стриптизета.