Радио Милева љубовта им цвета

Страсно се бакнуваат: Џенифер Лопез ја објави првата фотографија со Бен Афлек (фото)

Страсно се бакнуваат: Џенифер Лопез ја објави првата фотографија со Бен Афлек (фото)

Џенифер Лопез го прослави својот 52 роденден, а по тој повод објави неколку фотографии во бикини и ги запали социјалните мрежи.

Прво пејачката позираше во бикини во кои ја покажа својата совршена и витка линија на која може да и позавидат многу млади девојки.

На другата пак фотографија, Лопез страсно се бакнува со Бен Афлек и конечно потврди дека е во емотивна врска со својот поранешен свршеник.

Објавите за краток период достигнаа над 5 милиони лајкови, а нивните фанови ги опсипаа со коментари.

„Изгледаш многу среќно“, „Драго ми е што официјално ја потврдивте врската“, „Многу сме среќни поради вас“, се само некои од коментарите кои може да се прочитаат.

Некои од фановите пак и честитаа по повод 52иот роденден.

Инаку, Џенифер и Бен досега јавно не зборуваа за својата врска, ниту пак објавуваа заеднички фотографии. Во медиумите се појавија само неколку фотографии кога беа уловени од страна на папараците.

Лопез и Афлек се свршија во 2002 година, но по една година ја откажаа свадба, па во 2004 година објавија дека ја прекинале долгогодишната врска. По 17 години тие повторно се заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

 

фото: епа/ефе/нина промер/инстаграм/џенифер лопез

To top