Радио Милева

Странските медиуми тврдат: Кејти Холмс чека дете со новото момче!

Странските медиуми тврдат: Кејти Холмс чека дете со новото момче!

Откако се заљуби во осум години помладото момче, готвачот Емилио Витол, актерката Кејти Холм не крие колку ужива во тоа.

Овој пар веќе неколку пати беше фатен како разменува нежности во јавноста, што е само доказ за тоа колку не се грижат за туѓото мислење.

Овој пар често е тема на странските медиуми, па након шпекулациите за бракот, „ National Enquirer“ пишува дека Кејти е бремена.

фото: профимедиа

Имено, нивното прво дете доаѓа наскоро, а Сури, која 41-годишната актерка ја има со актерот Том Круз, наскоро ќе стане нејзина постара сестра.

Покрај тоа, наведениот таблоид е убеден дека тие го познаваат и полот на бебето. Според нив, парот ќе добие – девојче.

Сури е воодушевен од среќната вест. Со години, таа ја молеше својата мајка да и даде помала сестра ‘, открил извор близок до парот.

фото: профимедиа

Сепак, ниту Кејти ниту Емилио сè уште не ја објавија веста за приновата, па ќе мора да почекаат уште малку за официјалната потврда на среќната вест.

Иако веќе се зборуваше за можен брак, неодамна протече информација дека Емилио сè уште не е подготвен за тој чекор, со оглед на тоа што ја раскина свршувачката во време кога веќе ја љубеше  актерката.

To top