Радио Милева

Странските медиуми тврдат дека Бред Пит ја запознал новата девојка со родителите

Странските медиуми тврдат дека Бред Пит ја запознал новата девојка со родителите

Холивудскиот заводник Бред Пит пред неколку дена е виден на изложба во друштво на неговата колешка Алија Шокат.По нивното заедничко појавување веднаш започнаа шпекулации дека се во врска.

Иако, двајцата ги демантираа шпекулациите и открија дека само се многу добри пријател, магазинот „Women’s day“ пишува како згодниот актер ја запознал неговата нова девојка со родителите.

фото: гуливер гети имагес

„Родителите на Бред се многу конзервативни луѓе така да тој со овој потег многу ризикуваше. Имено, тој во нивната куќа ја донесе девојката за која тие ништо не знаат, но таа веднаш им се допадна. Алија е супер, мирна, цврсто стои на земја. По катастрофалниот брак со Анџелина, му треба една ваква жена“  изјави извор за стори.хр

фото: Инстаграм

Имено, Бред и Алија се видени заедно на една изложба, а тоа е објавено на социјалните мрежи.

„Хвала ти Бред што ми се придружи. Ми беше задовлство да те запознам со моите пријатели и големиот уметникот“ напиша актерката во описот на фотографијата.

To top