Радио Милева фатална опсесија

Стралетата опседната со… старлета: Маја Маринковиќ полека физички „се претвора“ во Ана Кораќ, а јавно покажува дека не може да ја поднесе? (ФОТО)

Стралетата опседната со… старлета: Маја Маринковиќ полека физички „се претвора“ во Ана Кораќ, а јавно покажува дека не може да ја поднесе? (ФОТО)

Бившата учесничка во реланото шоу „Задруга“, старлетата Ана Кораќ се осврна на се поголемата сличност што е очигледна помеѓу неа и  сегашната учесничка, исто така старлетата Маја Маринковиќ.

Маја очигледно имала естетска операција по примерот на Кораќ, што старлетата го потврди.

„Добро, сфаќам дека нешто ти се допаѓа, но токму истата работа, а во исто време таа на големо ме плука?!  Девојката е опседната со мене, тоа јавно го реков уште во втората сезона на шоуто. Таа ме гледа нон стоп, како да е најголем психопат. Сошила исти фустани како што носев јас минатата година. Ќе и го испратам ова, затоа што е единственото што не го носела до сега. А, за мене  коментира негативно насекаде. Таа сака да биде јас, да се однесува како мене и да личи на мене“ – вели Ана кораќ и додава:

„Сега бев кај мојот шминкер и тој ми вели дека други го повикале да ја нашминка, затоа што таа не се осмелува да му се јави. Прашал за кого се работи, му рекле за  Маја Маринковиќ. Рекол дека ќе ја нашминка секако, не е проблем, тоа му работа. Дошла кај него пред да влезе во најновото издание на  „Задруга 4“. Му покажала моја фотографија и му рекла: „Вака, како куклава да ме нашминкаш“. Уште и му рекла дека ќе оди на пластичен хирург зашто сака нос како на Ана. Шминкерот ми вели:

„Ана, се плашам за тебе“, може да те чека некаде зад аголот. Станаува страшно, ми беше смешно, но сега кога ми го кажа ова, почнав малку да се плашам. Таа и Давид го коментирала дека тој е добро момче, дека гледа секс во неговите очи“ – раскажа Ана.

Познатата старлета се осврна и на шпекулациите дека струкот и е толку тенок, затоа што извадила неколку ребра, а еве што изјави по тој повод:

„Која глупост е тоа луѓето да кажуваат дека сум ги извадила ребрата. Јас навистина немам струк, но тоа со ребрата е најголемата небулоза што некогаш сум ја слушнала“ – рече Ана  и со тоа негираше сè.

To top