Радио Милева

Стомачето се наѕира, а градите бујат: Катарина Ивановска калосана на Мртво Море (фото)

Стомачето се наѕира, а градите бујат: Катарина Ивановска калосана на Мртво Море (фото)

Деновиве во домашните медиуми се појави информација дека атрактивната македонска убавица со интернационална модна кариера, Катарина Ивановска е бремена со второ.

Ваквите објави започнаа откако таа го откажа учеството на неодамна одржаниот Скопскиот маратон, каде трча секоја година.

Сепак, Катарина не се огласи да ги потврди или демантира наводите, се до сега кога на некој начин ги подгреа гласините дека можеби навистина се вистинити.

Меѓу нејзините куси Инсатграм приказни, манекенката објави фотографија со трудничкиот стомак кога беше бремена со Вања во 2017 година, а истата  ја објавил и нејзиниот пријател Зоки Бејбе.

Потоа, како што вети, така и направи, па замина во Израел да ја бодри својата другарка Тамара Тодевска на Евровизија.

Времето поминато  таму го искористи да се искапи во Мртво Море и да го калоса своето ултра згодно тело.

Разголена во бикини костим, стомачето на Катарина како да наѕира, а пак градите очигледно е дека бујат.

Ако овие сигнали се поврзани со бременост, катарина очигледно во првите месеци нема мака како повеќето жени.

Вака или она, во секој случај гласини или вистина, бременоста сигурно е нешто најубаво во животот на една жена.

фото:инсатграм/катаринаивановска

To top