Столе Димитриевски добро го чуваше голот на Македонија… Се’ до последниот квалификациски натпревар од Лигата на нации со Ерменија каде доживеавме дебакл од 4:0. Столе не се прослави… Напротив! Прими неколку „пацерски голови“, особено првиот, што ни почетник што прв пат застанува на голот не би го примил! Ама ете, Столе го прими! И сега е под стрес! И тоа голем!

Откако се пресели од шпанскиот второлигаш Гимнастик – Тарагона во прволигашот Рајо Ваљекано, не заигра во „Ла Лига“. Го загуби и местото на голот во првиот тим, ама и формата. Таму Столе ја грее клупата… Очигледно тоа му се одрази и на репрезентативните настапи, па лесно може да се случи селекторот Ангеловски да одлучи Димитриевски да ја грее и репрезентативната. Затоа Столе е под стрес… Така покажува и стерес – метарот на неговиот мобилен. Стресот на стотка! Впрочем и самиот тоа го признава…

Она што не го признава е како македонскиот голман се ослободува од стресот. Или поточно, кој тоа го ослободува од стресот и како?

Арно ама ние откривме кој тоа на Столе му помага да се ослободи од стресот, му го крева моралот и му влева самодоверба за следните натпревари. И во клубот и во репрезентацијата. За да биде поголема сатисфакцијата… И нејзината и на нацијата!

Таа е шармантна и привлечна русокоса со симпатична насмевка која освојува на прва. Веројатно на тоа падна и Столе.

Се потпишува како Лори и подготвена се’ да стори нашиот Столе да го врати во вистинската форма. Така ќе бидеме среќни сите: и тој и таа и ние!

Само мала молба до убавата Лори: Да внимава да не го премори, па нашиот голман одново „да прегори“… меѓу стативите, секако!