Ситна, динамитна, атрактивна, експлозивна, набиена со енергија и сексапил…Фолк мињонче ко бонбонче. Така отприлика ја опишуваат македонската фолкерка Стојне Николова, која неодамна го промовираше својот албум „Мелем за душа“.
Стојнето најчесто можете да го видите подраскомотено, како се фрцка пред или за време на настап, во мини фустанче или деколтирана маичка од која се наѕираат природните атрибути на македонската фолк „џепна венера“, ама тоа никако да ја натера да отиде понатаму.
View this post on Instagram
Пејачката знае каде се границите на добриот вкус, па смета дека подобро е да се наѕира, отколку апла да се гледа. Сексапилот ионака или го носиш во себе и кога си закопчан до грло или го немаш и да се соблечеш како од мајка роден.
А кога сме веќе кај соблекувањето, Стојне можевме да ја видиме подразголена уште во првиот нејзин спот за песната „Љуби ме“, иако и тогаш динамитната струмичанка се држеше до принципот: Се’ се гледа, ништо не може да се види!“
Е овој пат Стојнето можете да го видите во едно малку необично издание, во кое никогаш претходно не сте ја виделе. Или ја виделе малкумина од блиското опкружување: фолкерката во бикини!
Ретка фотографија од нејзините Инстаграм приказни, на која Стојне во црни мини бикини се сликала покрај ѕидот со нацртани ангелски крилја… Секси раритет, како мелем за очи и душа во пакет!
А, женскиот бакнеж е за колешката Ирена Спасовска, која како и Стојне деновиве учествуваше на Изборот за летен фолк хит во Новаци, каде Стојнето ја доби наградата за фолкерка со нај хит помеѓу пејачките.
Затоа и бакнежот на пресреќната и насмеана Стојне во образот на „ладната“ Ирена!
View this post on Instagram