Мегафон

Стоилов „им го плесна в лице“ на ЕХФ: Мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! (ВИДЕО)

Стоилов „им го плесна в лице“ на ЕХФ: Мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! (ВИДЕО)

Вардар пак ја освои Европа и по вторпат во својата клупска историја го освои трофејот од најелитното ракометно натпреварување на ЕХФ, Лигата на шампионите.

Пред разиграните вардарци во финалето падна унгарскиот тим на Веспрем (27-24), а на официјалната прес-конференција капитенот Стојанче Стоилов покрај тоа што го анализираше денешниот меч испрати „порака“ до портпаролот на ЕФМ.

Вардар беше претставен како шампион на Северна Македонија, по што Столе реагираше и рече:

„Да потенцирам, мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“.

Извор:Гол.мк

To top