На хрватскиот виолончелист Стјепан Хаузер му успеа она што ретко кој во светот на класичната музика успеа да го направи – стана суперѕвезда.
Неговите настапи ширум планетата се распродадени со месеци однапред, а нема да погрешиме ако кажеме дека публиката ужива во музиката исто како и во глетката на згодниот уметник, родум од Пула.
Триесет и шестгодишниот Стјепан важи за голем заводник, но освен врската со Јелена Розга, која траеше две и пол години, до 2017 година, тој официјално не претстави ниту една друга избраничка на јавноста. До сега.
Популарниот музичар моментално престојува во „вечниот град“, каде одржа концерт во Ватикан, кој го пренесуваше и телевизијата „Раи 1“. Него го поддржа новата девојка, црномуреста убавица Марија, родена во Украина, чија страница на Инстаграм посветена на здрав живот и убавина ја следат повеќе од триесет илјади луѓе.
Заљубениот пар сподели неколку романтични фотографии, направени недалеку од Колосеумот, а многу обожаватели го поздравија гестот.
Инаку, Стјепан Хаусер со години го крие својот приватен живот, а медиумите од регионот го поврзуваа со многу познати дами, како пијанистката Лола Астанова, госпоѓицата Стела Опанчар, туниската актерка Маја Талем…
фото:Инстаграм принтскрин