По раскинувањето на свршувачката и врската со Јелена Розга, хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер, познат во целиот свет, стана вистински магнет за понежниот пол.
Бидејќи од тој момент никој не можеше да го види во друштво на дама, освен кога прави промо кадри за „Инстаграм“, многумина заклучија дека тој „скока од цвет на цвет“ и дека ниту една жена се уште не го заслужила неговото внимание до тој степен љубов и внимание да се презентира во јавноста. Нема сомнеж дека Стјепан со години ужива во улогата на заводник и таканаречен „вечен ерген“, а очигледно тоа наскоро ќе се промени. Стјепан Хаузер се жени е вест која како бомба одекна на Балканот, се поради неколку фотографии кои сведочат за запросувањето.
Имено, виолончелистот ја побарал раката на убавата бринета пред објективот на својот фотограф, додека двајцата заедно позирале покрај скап автомобил. Секако, одговорот беше потврден и тоа беше доволно за да почнат шпекулации на таа тема во Хрватска, а сега и кај нас. Прашања од типот дали свекорот и свекрвата ја запознале невестата, дали дале благослов и дали заљубениот пар ќе се венча околу Нова Година или на пролет, се разбира дека немало одговор од виолончелистот.
Во одреден момент, на жалење на обожавателите на музичарот, се дозна дека веста „Стјепан Хаузер се жени“ е само уште една од шегите на шармантниот Хрват, познат по својот специфичен хумор, кој на овој начин ја постигнал својата цел , што тда пишува и зборува за него.
фото:Instagram/Стјепан Хаусер