Меланија Трамп мамеше воздишки во прекрасен жолт фустан на свеченост во „Blenheim Palace“ за време на официјалната посета на Велика Британија со Доналд. 48-годишната прва дама на САД доби лавина од комплименти за својот стајлинг и изглед.
Елегантната креација, која е дело на модната куќа Џеј Мендел, претходно беше моден избор на ангелот на Victoria’s Secret Лили Олдриџ, но во зелена нијанса.
Долгиот плисиран фустан Олдриџ го носеше на настан организиран од Bvlgari во Пекинг, Кина.