Радио Милева шарениот „Шал“ со мириси луди...

Стиховите на новата песна на „Нокаут“ се вистинска приказна: „Шал“ е спомен, љубов и жал за една личност во животот на Игор Џамбазов, која повеќе ја нема (ФОТО+ВИДЕО)

Стиховите на новата песна на „Нокаут“ се вистинска приказна: „Шал“ е спомен, љубов и жал за една личност во животот на Игор Џамбазов, која повеќе ја нема (ФОТО+ВИДЕО)

Една од најдобрите се’ уште активни  македонски поп групи „Нокаут“ има нова песна со необичен наслов – „Шал“. Име кое не е дадено заради перидот во кој календарски песната излегува, туку е во прашање музичка бајка, која всушност раскажува вистинска приказна. Обична, љубовна, од секојдневниот живот, онаква, какви што секојдневно им се случуваат на двајца млади луѓе… Да се заљубат, засакаат, да не можат еден без друг, а на крај сепак да се разделат… Најпрвин еден од друг, а потоа еден од нив и од животот на овој свет… засекогаш!

Песна која е настаната како инспирација од една навидум секојдневна случка, од времето на младоста на македонскиот актер, шоумен, музичар, писател поет… Игор Џамбазов и неговата тогаш прва вистинска голема љубов Тања К. Искрена и чиста љубов со тажен крај… И љубовен и за жал, животен за неа, за Тања.

Песна напишана како инспирација за случката од пред цели 34 години во една студена зимска февруарска ноќ, на испраќање дома, во влезот на зградата… Стиховите напишани нешто подоцна, во бифето на Драмски театар – Скопје во далечната 1987 година.  Или Како што самиот Игор ќе рече:

„Песнава се случи во влезот до „милицијата“ во Карпош, близу Драмски. Сега во влезот не студи. Ставија парно. Посветена и е на Тања Кочишка. Мојата прва вистинска љубов која ме чека на небото…“!

Пред неколку години, кога Игор Џамбазов ја издаде својата последна книга „Улица диши длабоко“, во неа се спомнува и фамозната песна напишана пред цели 34 години, посветена на една од неговите најголеми љубови, Тања Кочишка која за жал, од пред неколку години не е повеќе меѓу нас.

Игор ја разбранува јавноста откако раскажа дел од нивната приказна при своето гостување кај Жаре Димитриовски во неговото шоу „Еден на Еден“ .

Љубовна приказна на Тања и Игор  раскажана во „Шал“ го заинтригирала лидерот на „Нокаут“,  Никола Перевски-Пере кој ветил дека ќе направи песна.

Тој заедно со Роберт Билбилов стиховите на Игор ги преточија во музика и аранжман, а деновиве јавноста имаше прилика премиерно и да ја слушне оваа балада за една искрена и чиста љубов… за шарениот „Шал“ со мириси луди.

 

To top