Уште една стенд-ап комедија во месец март! На 22. овој месец ја имаме Надица Петрова со „Не се курчи!” во „Јавна соба“.
„Таа е една обична женска особа која уште од мали нозе ја учи најтешката животна лекција, лекцијата за курчењето. Иако знае дека не треба да се курчи, бидејќи искуството и покажало дека курчот секогаш резултира со заеб, таа ни кажува дека не е толку лесно човек да се излечи од навлеченоста на курчењето.“
На 22 март, вториот ден од пролетта или среда за среќно, со почеток во 21:00 часот. Сите во „Јавна соба“, оти таму таа вечер ќе биде најубаво“
Билетите се купуваат онлајн преку продажната мрежа на Златен заб, на линкот: https://rb.gy/znzp2m