Радио Милева

Стефан Живојиновиќ седна на директорската фотелја на Саша Поповиќ во „Гранд“ (видео)

Стефан Живојиновиќ седна на директорската фотелја на Саша Поповиќ во „Гранд“ (видео)

Младиот пејач Стефан Живојиновиќ и син на Лепа Брена и Боба, реши да проговори за се’ што ја интересира јавноста, а се согласи интервјуто за српски „Гламур“ да го направи седнат на директорската фотелја на Саша Поповиќ во „Гранд“ продукција. Меѓудругото, тој откри дека наскоро ќе ја преземе оваа позиција.

Стефан наведува дека сака да дојде на местото на директор на „Гранд“, но дека уште има време за такви радикални промени, па уште некое време ќе биде посветен на музиката, додека на големо планира да ја израдува публиката со сингл во кој вложил многу труд.

фото:Инсатграм/стефанживојиновиќ

-Треба доста пракса, да се научи се’. Сепак завршив училиште за тоа. Полека, ќе виделе како ќе одат нештата, вели Стефан во емисијата „Гламур“.

-Новата песна им се допаѓа на сите кои ја слушнаа, конечно снимив нешто брзо, мислам дека ќе и се допадне на публиката, вели Живојиновиќ, кој подготвува низа изненадувања кои ќе следат на неговиот Јутјуб канал.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=57&v=dSvsCSnGYS0

To top