Младиот пејач и син на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ, пред три дена доживеа непријатност кога неговиот спот беше тргнат од Јутјуб поради експлицитни сцени.
Стефан заедно со својот тим работи на тоа видеото што порано да се врати на каналот, а сега по тој повод се огласи на социјалната мрежа Инсатграм.
-Драги мои, овој пат сакам да ве известам дека песната „Од вечер до утро“ ќе биде повторно на мојот Јутјуб канал Стефан Живојиновиќ во 14 часот. Поради блокираното видео изгубивме јалкови и коментари. Секое мислење и сугестија го ценам, затоа би ве замолил утре да оставите свој коментар под песната и не заборавајте да ја споделите со другите ако ви се допадна – пишува Стфена на својот Инстаграм профил.