Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ проговори за својот самостоен живот.
Стефан Живојиновиќ проговори за животот со неговите родители и селење во неговиот стан, но имал еден проблем.
„Го чекам мебелот и некои други работи. Се надевам дека ќе биде на почеток на март, јас сакав да се преселам кога ќе се вратев од пат, но не може“ вели Живојиновиќ и додава:
„Едвај чекам, не можам да поднесам да живеам ни секунда повеќе со родителите, се одвикнав пред 6, 7 години“ вели Стефан.
Синот на Брена проговори и за својот љубовен живот и дали е проблем што е син на познати личности.
„Малку ми е проблем поради тоа да најдам девојка, со задоволство би сакал да имам некој покрај себе. Кога ќе почувствувам дека тоа е искрено и чисто, тогаш ќе имам, а за сега полека“ вели Стефан.