Радио Милева фото пех

Стефан од „Некст тајм“ со саканата замина во Венеција: Но, разочарувањето беше поголемо од било кога (фото) 

Стефан од „Некст тајм“ со саканата замина во Венеција: Но, разочарувањето беше поголемо од било кога (фото) 

Стефан Филиповски од братското дуо „Некст тајм“ веќе подолго време ужива во љубовна врска со атрактивната црнокоса со необично убаво име, Тинеа, која живее во Виена и има српско-хрватско потекло.

Тие двајцата одлучија летна дестинација да им биде романтичниот град Венеција, а за водич Стефан ја одбра неговата девојка.

– Мојот туристички водич – се пошегува тој под објавата која ја сподели на неговиот Инстаграм профил.

Се разбира, кога се патува особено на вакво убаво место каде има што да се види задолжително е да се направи и понекоја фотографија за спомен.

Токму тоа го направи и Стефан на една од раздвижените туристички улици кога застана да се фотографира со позадината која ја отсликува атмосферата на градот.

Веројатно, неговата љубов била позади апаратот во моментот кога Стефан се наместил да позира но, кога ја видел воопшто не бил задоволен.

– Ми ја уништи сликата ! – разочарано напиша тој.

Наместо Стефан, вниманието го украде случајна туристка која влета во кадарот и ја наруши целата композиција.

Но, Стефан иако разочаран, веднаш најде начин да го тргне она што беше „вишок“.

– Ја избришавме – гордо се пофали Стефан откако со девојката на дело ги покажаа своите фотошоп вештини.

Преку семоќните фото апликации лесно ја избришаа случајната минувачка и го решија проблемот.

За потсетување, неговиот брат Мартин неодамна љубовта ја круниса со брак со долгогодишната девојка, ракометарката Андреа и во семејството Филиповски  добија снаа.

Стефан пак, можеби наскоро ќе се реши на истиот чекор и ќе ја побара раката на оваа вешта убавица.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Стефан Филиповски

 

To top