Од доделувањето на „Оскарите“, Лејди Гага и Бредли Купер постојано се во центарот на вниманието.
Имено, медиумите шпекулираа дека наводно меѓу оваа двојка има нешто повеќе од пријателство.
Гласините се зголемија уште повеќе кога Бредли ја раскина врска и со Ирина Шајк, а таа се исели од неговиот дом.
Потоа, започнаа гласини дека наводно Гага се вселува во домот на Купер.
Меѓутоа, фановите на филмот „Ѕвездата е родена“ кои едвај чекаа да ги видат Гага и Бредли ќе се разочараат.
Гага има ново момче, а папараците ја фотографирале како се бакнува среде Лос Анџелес.
Како што пренесува „People“, фотографиите зборуваат повеќе од илјада зборови.
Новото момче на Гага е аудио инженер Ден Хортон