Радио Милева

Стави крај на шпекулациите: Александра Пријовиќ откри нови детали за свадбата!

Стави крај на шпекулациите: Александра Пријовиќ откри нови детали за свадбата!

Деновиве многу се пишува за свадбата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ која е закажана за претстојниот  21-ви јуни.

Во медиумите кружеа гласини дека пејачката сака да ја „откаже“ свадбата поради нејзиниот болен дедо, кој не може да присуствува на церемонијата.

Пејачката деновиве гостуваше во една емисија и откри нови детали за свадбата.

„Тоа ќе биде како и секоја друга свадба. Јас немам некоја специјална желба, само сакам луѓето убаво да си поминат и се да биде убаво. Важно ни е само да биде весело, живо, луѓето да се забавуваат.  На свадбата ќе пее „Тропико бенд“, ќе биде тука Ацо Софронијовиќ и Дејан Петровиќ,  изјави Пријовиќ во емисијата „Викенд премиера“.

https://www.youtube.com/watch?v=c4vIRNNPcWk

Идната снаа на Лепа Брена откри дека за сопствена венчавка подготвува и три фустани: еден за црковната церемонија, еден за венчавката во општината и фустан за вечерната забава.

Исто така таа потенцираше дека нема да можат да заминат на меден месец по свадбата  бидејќи пејачката има закажано настапи за јули и август, па свадбеното патување ќе мора да го одложат за во септември.

фото: инстаграм

To top