Мегафон

„Статуафест“ на 4 и 5 септември на плоштад „Македонија“

„Статуафест“ на 4 и 5 септември на плоштад „Македонија“

Фестивалот „Статуафест – Другото лице на улицата“ ќе се одржи во петок и сабота, од 18 часот на плоштадот „Македонија“. Организатор е „Театроск“.

Годинава тема на фестивалот е коронавирусот, односно „Скопје во време на корона“.

– Целта на годинашниот фестивал е преку уличните живи статуи да прераскажеме во вкочанета слика, каков беше, а и сѐ уште е животот од март па наваму и што точно му се случува на нашиот град, се разбира држава, па и светот воопшто. Поставката на фестивалот во кој сите артисти ќе бидат идентични по однос на боја (што преносно, односно симболично означува душа – Tabula Rasa: сите сме исти под сонцето) да испратиме гласна порака преку молчаливата уметност каков не сакаме да биде периодот кој следува, односно она што здравствените работници го нарекуваат втор бран, соопшти организаторот.

 

За време на фестивалот, како што се наведува во соопштението, ќе се спроведуваат сите протоколи за заштита од COVID-19 според мерките на СЗО и Министерството за здравство.

извр:кајгана.ком

To top