Мегафон

Стартувај го филмот за зелена Европа

Стартувај го филмот за зелена Европа

Новиот EU Youth Cinema: Green Deal претставува извонредни европски филмови на теми како што се одржливост, заштита на климата и општествена одговорност. Првите филмови ќе бидат прикажани на Деновите на Европа од 5-ти до 9-ти мај 2022.

Климатските промени и деградацијата на животната средина се егзистенцијални закани за Европската унија и светот. Со извонредни филмови, експертски разговори и софистициран дидактички концепт, организаторите на проектот „EU Youth Cinema: Green Deal“ сакаат младите ентузијасти да ги постигнат целите на Зелениот договор на ЕУ. Проектот започнува на Деновите на Европа, на 5-ти и 9-ти мај, во Австрија, Хрватска, Северна Македонија, Романија и Словенија и во кината и на платформата за стриминг.

Мила Јовановска, претседателка на здружението Гоу Грин Скопје, вели дека „едукацијата на младите за климатските промени и заштитата на животната средина е многу важна бидејќи тие се идните генерации кои ќе ја наследат Планетата Земја. Кога човек е запознаен со нешто подобро го разбира и може само да го унапреди, така и со младите – сакаме тие да ја унапредат животната средина и да ги ублажат последиците од климатските промени преку нивните секојдневни активности, но и понатаму како професионалци во разни области. Гоу Грин Скопје веќе 12 години работи токму на едукација кај младите и многу ни е драго што преку  овој проект имаме можност тоа да го правиме и преку филмови, промовирајќи ја и уметничката култура“.

Со силни партнери преку границите

Проектот инициран и координиран во неколку земји од LET’S CEE Филмскиот фестивал е кофинансиран од Европската Унија и поддржан од голем број партнери, вклучително и Cineplexx International групацијата и неколку европски невладини организации.

„Синеплекс секогаш давал безрезервна подршка на фестивалите, а посебно на филмските проекти кои имаат едукативен карактер за помладата публика. Сите овие проекти придонесуваат за подигање на свесноста кај младите и нема подобар начин тоа да се направи од приказна на големото платно“, велат од Синеплекс.

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина GO GREEN од Скопје дејствува како земја координатор за Северна Македонија.

25 европски филмови кои ќе инспирираат поодржлив начин на живот

Започнувајќи во Европската година на младите 2022 година и со предвидено вкупно времетраење од 24 месеци, „EU Youth Cinema: Green Deal“  нуди континуирана програма со силен мултикултурен пристап и јасен фокус на информирање и едукација за зелената агенда. Проектот посветува внимание на еколошките предизвици и ја промовира свеста за поодржлив начин на живот. Селекцијата на зелени филмови се состои од 25 европски филмови кои ќе бидат претставени во кината Cineplexx во 20 европски градови во Австрија, Хрватска, Северна Македонија, Романија и Словенија, како и на платформа за стриминг. Едукативната програма е надополнета со работилници, предавања, дискусии и дидактички материјали.

Проекции помеѓу Деновите на Европа на 5-ти и 9-ти мај

„Стартувај го филмот!“ ќе се гледа на 5 мај во Букурешт, Хохенемс, Марибор, Салцбург, Скопје, Сплит и Виена. Во овие кина ќе се прикажува македонскиот документарен филм HONEYLAND, номиниран за два Оскари. Почнувајќи од истиот ден, MORE THAN HONEY (Швајцарија / Германија/ Австрија) ќе биде достапен онлајн. Учениците не треба да бидат единствените кои ќе имаат корист од понудата за стриминг. Во прилог на голем број мултимедијални содржини, украинскиот анимиран филм PRYCHYNNA. THE STORY OF LOVE ќе биде понудена бесплатно на секој што е заинтересиран ширум светот. Оваа уметничка филмска балада е „симболична слика на Украина која се бори за живот, независност и слобода“, според режисерот Андриј Шчербак. Благодарение на поддршката на претставништвото на Европската комисија во Австрија, тој ќе биде слободно достапен помеѓу 9-ти и 31-ви мај 2022 преку www.euyc.green.

Придружниот визуелен и текстуален материјал за младинското кино на ЕУ и зелениот договор на ЕУ може да се најде овде

To top