Водителката Јована Јоксимовиќ, по недоразбирањатам сканадалот и кавгите со „ТВ Прва“, откако замина оттаму, а не најде ангажман за добри пари на друга телевизија, заврши во семејната ТВ куќа „К1 ТВ“, чии сопственици се таа и нејзиниот сопруг, познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ.
Таму Јована најавуваше враќање на голема врата на ТВ екраните, па на гласни ѕвона го најавуваше почетокот на нивната утринска програма, насловена „Уранак“.
View this post on Instagram
И таман се’ беше подготвено за старт на нејзиното утринско ТВ шоу, кога… почетокот моераше да биде одложен. Од објективни причини, ама од „субјективна природа“!
Имено, тоа утро некој им ги пресекол оптичките кабли на телевизијата, па „К1 ТВ“ не можеше да емитува програма… Не барем да ја започне навреме!
Сепак, откако „диверзијата“ за брзо време беше санирана, Јована се појави на нејзиниот „Уранак“.
„Убаво ја започнавме неделата“ – додаде таа во описот под фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи, каде што беше облечена во црвен мини фустан.Додека ги прекрстуваше нозете, нејзината гола нога блесна, а очите на сите беа вперени во местото што водителката вешто го сокри поклопувајќи го со раката, па нејзиниот изглед повторно стана тема на многубројни коментари. Многумина се согласуваат дека таа никогаш не изгледала подобро и попривлечно… Како вистинска секси бабамразица!