Српската старлета Тамара Ѓуриќ ја испровоцира пејачката Катарина Живковиќ.
Старлетат во вклучувањето на една емисија жестоко ги осуди пејачките, а потоа и самата Катарина Живковиќ за која не штедеше ниту еден збор.
Причината беше една изјава на пејачката Катарина Живковиќ, во која старлетите ги нарече проститутки кои се кријат зад јавните професии, беше доволна за да започне вистинска војна меѓу неа и Тамара Ѓуриќ.
Старлетата истакна дека пејачка е всушност лоша професија и дека е поважно да се биде исклучиво старлета отколку да се биде пејачка.
“Пејачката е жена која држи микрофон на сцената и ја забавува публиката. Старлетата е мултимедијална личност, тука е нејзиниот изглед и она што се истакнува. Јас се покажав и како пејачка и како водителка. Секогаш се наоѓам на насловните страници и важните настани“- изјави старлетата.
Потоа Тамара Катарина Живковиќ ја спореди и со старлетата Сенада Нуркиќ попозната како Маца -Дискреција:
„Единствената разлика помеѓу старлетата Маца Дискреција и пејачката Катарина Живковиќ е тоа што Катарина пее малку подобро. И двете беа во ријалити и двете ги покажаа своите валкани алишта.“
Фото: Инстаграм/Принтскрин/tamarastar89