Како бомба одекна веста дека Тамара Ѓуриќ пред неколку месеци го оперирала носот во Турција кај познат пластичен хирург, а сега откри дека не е задоволна од операцијата и дека тој од неа барал скандалозни работи за возврат.
Имено, Тамара на својот Инстаграм профил објавила кореспонденција со лекарите од клиниката каде договара средба со доктор кој прегледот „го врти“ на сосема друга страна, кон поинаква приказна.
„Доаѓам исклучиво како пациент и не ми е проблем да платам пари, а во натура можат да плаќаат само овие пејачкиве. Му реков да ми го среди носот, што не го направи како што треба. Не сакав да спијам со него, затоа ме унакажа“ – изјавила Ѓуриќ за „Ало“.
„Ја направив операцијата пред една година, но мојот нос во тоа време требаше да добие сосема поинаква форма. Докторите ги гледам само како доктори и се’ плаќам со пари, а не во натура“ – ќе изјави старлетата.
View this post on Instagram
„Ме праша дали можем да се видиме, а јас немам што да се гледам со лекарите, одам само како пациент на преглед“ – изјавила Тамара и додала:
„Нема врска, ќе го поправа, нема повеќе да личам на Мајкл Џескон како што велите иако го почитувам неговиот лик и дело“ – резимирала Тамара.
Фото: Инстаграм принтскрин/tamarastar89