Старлетата и поранешна задругарка Ана Кориќ неодамна се породи во приватна клиника и роди син. На нејзиниот Инстаграм профил веќе нема фотографии во провокативни изданија, а старлетата сега најмногу споделува моменти со наследникот.
Така и овој пат таа сподели слика на која го држи својот син во раце, облечен во дуксер и тренерки.
– Го сакам мојот син – напиша таа во описот на фотографијата.
А она што го привлече вниманието на многумина се ноктите на рацете на Ана Кориќ кои старлетата ги скрати.
Инаку, Ана Кориќ сѐ уште го чува во тајност таткото на своето дете, иако во една прилика изјави дека тој е нормален тип кој работи за плата.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ана Кораќ