Радио Милева подготвена да го разоткрие целото семејство

Старлетата донесе одлука: Наташа Шавија влегува во „Елита“ да се соочи со Кариќ (фото)

Старлетата донесе одлука: Наташа Шавија влегува во „Елита“ да се соочи со Кариќ (фото)

На 1 мај старлетата Наташа Шавија се здоби со тешки телесни повреди на свадба, а за насилството го обвини Стефан Кариќ, против кого беше покрената судска постапка.

Осман Кариќ, таткото на Стефан Кариќ, добил понуда да влезе во реалното шоу „Задруга 7 – Елита“, а како што пренесуваат тамошните медиуми, наводно и Наташа Шавија планира да влезе во реалното шоу и да се соочи со таткото на Стефан пред милиони луѓе.

– Наташа штом слушна дека влегува Осман, реши дека тоа е идеална можност да се соочи со него очи во очи и пред целиот свет. Иако судењето со Стефан сѐ уште трае, таа сака се да расчисти со неговиот татко бидејќи тој јавно ја исмејува – вели изворот и додава:

– Таа рече дека сака да влезе само за да каже сè и да му постави неколку прашања на Осман. Наташа тврди дека цел свет ќе дознае какво е семејството Кариќ и кои се нивните тајни што ќе ги шокира сите- вели извор близок на Шавија.

Да потсетиме, Осман Кариќ откри дека доколку влезе во реалното шоу ќе им ги тргне маските на сите учесници.

– Добив покана за реалното шоу. Бидејќи веќе работев како водител на радио емисијата „Амнезија“, се надевав дека ќе ме повикаат на интервју за тоа радио. Бев изненаден кога и мене и на мојата сопруга Кристина ни понудија влез во „Елита“. Се изненадив, мислев дека е шега, иако не е прв пат да ме поканат да учествувам во реално шоу, кое го одбив од за мене познати причини – изјави неодамна Кариќ за „Информер“ и објасни дали некои учесници во реалното шоу треба да треперат од вистината што планира да ја открие за нив.

-Да влезам ќе ги коментирам  актуелните случувања, ќе им ги симнам маските на играчите во кои слободно можам да се наречам доктор – искрен е Осман, кој се уште е под импресии и уште се двоуми дали да влезе или не.

Фото: Принтскрин/Рингиер

To top