Поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ неодамна отвори профил на социјалната мрежа OnlyFans каде девојки и мажи ги продаваат своите интимни фотографии и видеа.
Таа сега гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ заедно со старлетата Анѓела – Вештица, која веќе подолго време има профил на оваа страница за возрасни, па се обиде на Милица да и објасни некои работи.
„Имам бесплатен сајт каде што се е цензурирано, а ништо не е цензурирано на приватниот сајт. Цената е 5 долари за еден месец, од тоа одлично се живее. Не сакам да зборувам за бројки. Седам дома и се сликам и заработувам.
Милица дури сега дозна дека се работи за сајт на кој се поставуваат порнографски содржини.
„Тој сајт е за порнографски содржини. Корисниците се жалат кога плаќаат, а гледаат фотографии како на Инстаграм. Постои опција за контакт во живо на страницата. Најмногу заработувам од претплатите. Луѓето имаат интеракција со мене“ – рече Анѓела, а Милица беше шокирана.
„Не го знаев сето тоа, мило ми е што Анѓела ми објасни, требаше порано да и се јавам и да ја прашам“ – заклучила Милица, откако поискусната колешка, која во младоста имаше и порно кариера го сподели со неа своето „Онли Фанс“ искуство.
View this post on Instagram
Фото: Јутјуб принтскрин/ Ами Џи шоу/ Инстаграм принтскрин/ therealandjela