Радио Милева требаше?

Старите пајташи се’ уште се во блиски релации, па Сергеј Варошлија му даде поддршка на Боки13-ка: „Мачот требаше на време да заигра“! (ФОТО)

Старите пајташи се’ уште се во блиски релации, па Сергеј Варошлија му даде поддршка на Боки13-ка: „Мачот требаше на време да заигра“! (ФОТО)

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 во пресрет на пресудата за делата кои му се товарат од страна обвинителството за таканаречениот случај „Меѓународен сојуз“, ја издржува својата казна за случајот „Рекет“  во затворот „Идризово“, но изнендувачки и повторно е активен на социјалните мрежи. Поточно, тој се врати на Инстаграм и тоа преку својот администратор на неговата страница, на која почна со серија обраќања во јавноста да ја раскажува својата страна на приказната.

Неговата „вистина“ до душа, многу поразлична од онаа официјалната, ги содржи оние работи за кои Боки 13 ја отвори душата, анализирајќи каде згрешил, кому му прогледувал низ прсти, а не требало, кому слепо му верувал, кој се’ му глумел близок пријател, а тоа не му бил, кои вистински го почитувале, а кои само го искористувале и „цицале“!

Удри по некои најблиски довчерашни пријатели, соработници, партнери…  кои откако го притворија, осудија и затворија, го избришле од листата на живите. Како и по оние, според него – најодвратните, што најполтронски му се лигушеле, а сега му се насладувале на неговата ситуација!

Во второто продолжение од неговото писание, на удар се најдоа некои од најблиските негови соработници и челници во фамозната „1ТВ“, со кои Боки13 како што самиот напиша, ја сечел црвената лента на отоврањето на телевизијата, а подобро раката да си ја исечел!

Но Бојан Јовановски во една од објавите не пропуштил и од се срце и  душа да им се заблагодари и на оние малкумина кои ја покажале човечноста најмногу кога треба, кои останале луѓе и биле со него и во неговите најтешки моменти, кои се’ уште траат!

Она што се знае од порано е дека македонскиот моден гуру Сргеј Варошлија и Боки 13-ка беа блиски пријатели, што би рекол народот, нераздвојни како „га. и гаќи“!  Кога „газдата“ на „1ТВ“  „падна“, на модниот гуру „му пукна душата“. Го снема, се повлече, долго молчеше… Се појави година и нешто подоцна, откако нештата горе-долу слегнаа и веќе беа многу нешта познати. Ја продолжи својата модна мисија со истата емисија, само на друга фреквенција… Или поточно на Интернет.

 

Она што е евидентно и забележливо во најновите објави на Боки 13, а и на самиот Сергеј е дека старите пајташи  се’ уште се во блиски релации!  По се’ изгледа дека Сергеј  Варошлија останал еден од оние малкумина, како што самиот Јовановски вели, што можат да се избројат на прсти, што му останале вистински пријатели!

 

Токму затоа Сергеј во своето Инстаграм стори му даде поддршка на Боки 13 за неговите најнови објави на Инстаграм, во кои тој ги прозива посочените личности, некогаш нему блиски, кои денес за него се користољубиви предавници.

„Мачот требаше на време да заигра“!  – напишал Сергеј Варошлија во Инстаграм стори видеото кое го споделил, јасно асоцирајќи што тоа требало неговиот компањон да стори, кога да пресече, кого се’ „да исече“ пред да се случат сите афери.

„Требаше“ – кусо му потврдил Боки 13 во својот одговор на истото видео ое и тој го споделил, согласувајќи се со проценката, откако си ја увидел грешката!

Дали е во право или само „криво суди“, останува времето да покаже… Ако воопшто покаже, зашто евидентно е дека секој има „своја верзија“ на вистината!

Фото: Инстаграм принтскрин/boki13official/

To top