Минатиот викенд, поточно во неделата навечер, на 14 јануари 2018 свадба правеше познатиот српски фолк композитор и текстописец Стева Симеуновиќ, кој има напишано безброј големи хитови за најпознатите српски фолк ѕвезди како што се: “За нас касно је”, “Бела циганка”, “Окови”, “Сама и нервозна”, “Краљица тротоара”, “Нема ништа мајко, од твога весеља”…
Тој се ожени со својата избраничка Зорана, а на свадбената веселба што како гости, што забавувачи, беше присутна вистинска пејачка „ол старс“ екипа: Од Шабан Шаулиќ и Ана Бекута, преку Вики Миљковиќ, Стоја, Миле Китиќ, па се Јана, Весна и Ѓоле Ѓогани, Цвијетин Никиќ… а кумот исто така познатиот продуцент Александар Кобац.
Арно ама, меѓу сите гости во таа мегапопуларна пејачка екипа и една Македонка. Згодна, убава, секси, со раскошни атрибути нашата македонска фолк ѕвезда веднаш блесна меѓу сите нивни… Онака згодна и дотерана, Сања Цинцева – Барбика веднаш го заинтригира посилниот пол присутен на свадбата, особено оние од српската естрада.
Првиот свадбен танц младоженците го изиграле на песната „Кафанска певачица“, а свадбената веселба велат траела до раните утрински часови…
Во меѓувреме имало добро дружење, весела атмосфера, забава и секако… нови познанства. Особено за нашата Сања -Барбика која очигледно е на вистинскиот пат да стане регионална фолк ѕвезда. А тоа српските мегаѕвезди најдобро знаат како се прави, па затоа се понудија да припомогнат во растежот на кариерата на нашата фолкерка.
Стариот волк Шабан Шаулиќ е познат „љубовџија“, па познанствотот и друштвото со нашата Барби изгледа добро му дојде да ги „освежи сеќавањата“ на Цуца… А и Сања знае како треба, па не се противеше да заврши во неговите прегратки… се рабира, за едно селфи за спомен и објава на социјалните мрежи.
Останатото е во доменот на работата и естрадниот шоу бизнис.