Радио Милева достојна замена

Старата постава си замина, ова се новите членки на „Хурикејн“: Слушнете како звучат! (ФОТО+ВИДЕО)

Старата постава си замина, ова се новите членки на „Хурикејн“: Слушнете како звучат! (ФОТО+ВИДЕО)

По пет години успешна кариера беше објавено дека групата „Ураган (Хурикејн)“ нема да продолжи со истиот состав. На членките на групата им истече договорот за деловна соработка, кој, како што е веќе познато, не го продолжија.

Сепак, атрактивните девојки Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ отсега ќе бидат заменети со нови девојки кои ќе ја претставуваат групата „Ураган два“, а сега конечно е откриено кои три убавици ќе ја сочинуваат новата постава.

Анџела Келеман

Анџела има 26 години и е најстариот член на новата постава на „Ураганките“. Младата пејачка веќе има неколку синглови, а позната е и по тоа што прави кавери за познати домашни песни. Исто така, таа има свој канал на YouTube. Во моментов на Инстаграм ја следат 12.000 луѓе.

Антонела Јуришиќ

Антонела  има 22 години и е позната во светот на Тикток-от (каде ја следат повеќе од 160 илјади луѓе и има повеќе од 9 милиони лајкови), каде индиректно најави дека ќе се занимава со музика. Луѓето би можеле да ја запознаат и на Инстаграм каде има повеќе од 30.000 следбеници, а на оваа мрежа често објавува фотографии на кои се гледа како присуствува на сите музички настани.

Миона Лаура Среќковиќ

Миона е најмладата во новиот состав на „Ураганките“ и има 20 години. Јавноста имаше можност да ја запознае на еден музички натпревар, каде откри дека е од Париз. Кога станува збор за нејзиното потекло, како што изјавила, тоа е епак српско, зашто татко и е од Ниш, а мајка и од Крушевац. Лаура сега има нешто повеќе од 5.000 следбеници и 20 објави на Инстаграм.

Сепак, бидејќи девојките се нови на музичката сцена, многумина се интересираа како звучат и дали со своите гласовни способности ќе успеат да ја надминат популарноста и задачата што им ја поставија старите членки, а сега на социјалната мрежа Тикток се појави видео каде девојките покажаа што умеат.

@snakecooks.com Da li možete da zamislite njihove glasove u istoj pesmi? Deluje mi da svaka ima svoj fazon što je veliki plus… #fyp #serbia #estrada #hurricaneserbia #antevrankic #eurovision2022 #foryou @Hurricane_Official ♬ original sound – XoXo

To top