Радио Милева големи пријателки

Стара фотографија од свадбата на Сека Алексиќ: Пејачката во прегратка на Цеца Ражнатовиќ (фото) 

Стара фотографија од свадбата на Сека Алексиќ: Пејачката во прегратка на Цеца Ражнатовиќ (фото) 

Светлана Цеца Ражнатовиќ и Сека Алексиќ важат за една од најголемите ѕвезди на Балканот, а како што со голема слава има и големи расправии, некои медиуми, но и луѓе на социјалните мрежи започнаа полемика – каков е односот меѓу овие две пејачки.

„Се сретнавме случајно, во авион. Заедно седнавме на пат за Цирих, од каде што заедно се вративме по настапот. Таму станавме пријатели, останавме во контакт и продолживме да се дружиме. Таа е навистина одлична девојка“, изјави еднаш Цеца, а Сека и за колешката зборуваше со суперлатив.

Сепак, на почетокот на 2000-тите овие две музички ѕвезди беа големи пријатели, а Сека често гостуваше на приватните прослави на Ражнатовиќ.

Сега на профил на Инстаграм се појави слика од свадбата на Сека Алексиќ од 2010 година кога таа му го кажа судбоносното „да“ на партнерот Вељко Пиљкиќ, а на фотографијата се гледа колку биле блиски овие две пејачки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Estradni Miks (@estradni_miks)

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top