Радио Милева доме, сладок доме...

Станот на Станија: Старлетата платила цело богатство домот да го уреди по свој ќеф (ФОТО)

Станот на Станија: Старлетата платила цело богатство домот да го уреди по свој ќеф (ФОТО)

Станија Добројевиќ, најпознатата српска старлета и ријалити ѕвезда, отсекогаш водела луксузен живот. Тврди дека првиот милион го заработила во Америка, а нејзината заработка продолжила и во Србија.

Во Нови Сад, таа има луксузно опремен стан во кој доминира розовата боја, што старлетата ја преферира уште од студентските денови.

„Го сакам мојот стан и сè што припаѓа во него. Многу е добро што е во центарот, а улицата е тивка. И квадратот ме чинеше многу скапо, само затоа што е во центарот. Околу 1.500 евра. За истите пари можев да купам двособен стан малку подалеку, но без оглед на тоа, ова е најдобрата инвестиција во мојот живот. Додуша е прва, но станува збор за стан. Гарсониера е, па затоа  и лесно може да се продаде, а може да ми остане, па кога ќе купам поголем да биде моја канцеларија“ – рече Станија во една прилика.

To top