Новогодишната ефурија велат ги обзема возрасните, а новогодишната магија ги опчинува децата… Украсувањето на различни простори, од плоштади и излози на продавници, трговски центри и шопинг молови, па се до дворови, тераси, куќи и станови говори дека и возрасните живеат во светот на бајките. Или барем сакаат на час да е така, да се вратат во деновите кога биле деца, а новогодишните и божиќните празници се најубавата прилика за прошетка по спомените од детството.
Речиси сите ние ги украсуваме своите живеалишта пред Нова Година, зашто така е ем посвечено, попразнично, а и некако сето тоа блештавило на лампионите, украсите и сијаличките прави да ни е и домот поблескав, а амбиентот понтимен, поубав, некако потопол… Среде соба или во некој агол од истата, елката ни стои и ја красат лампиони во илјада бои… Исто како во познатата детска песничка. Но, за некои не се само украсената елка и подароците под неа доволни туку, амбиентот во домот умеат да си го претворат во вистинска новогодишна бајка. Во сопствена волшебна приказна во која амбиентот на целиот дом наликува на оној од сликовниците и филмовите за најпосакуваниот дедо на светот.
Естрадните ѕвезди насекаде па и кај нас сакаат да предничат и да се пофалат со тоа како го украсиле домот, каков новогодишен амбиент создале во просторот во кој живеат, да ја покажат својата смисла за склад и естетика, а воедно интима и романтика. И повеќето успеваат во тоа… И светските и регионалните и овие нашите, од домашната естрада. Секоја на свој начин знае да ја покаже убавината на новогодишната магија што самата ја создала во својот дом.
Сепак, меѓу сите ѕвезди, домот на една се издвојува, кога е во прашање волшебната бајковитост на новогодишната магија. Битолската фолкерка со скопска адреса на живеење во својот дом направила новогодишен амбиент како од приказните. Станот на оваа македонска пејачка е украсен како од новогодишна бајка, зашто доволен е само еден поглед на домот на Марија Луиса Тодоровска и за час, ќе се почувствувате како да сте на гости кај Дедо Мраз!
Зашто буквално секој агол, секое делче од нејзинто скопско живеалиште е претворено во бајковито катче… Од стотици лампиони на на богато накитената елка, сијалички, новогодишни куќички, светилки, украси, ликови од приказните за Дедо Мраз и неговите снежни пејсажи во просторите од каде што доаѓа… Едноставно, на пејачката се’ од рака и поаѓа да осмисли, украси и аранжира, а потоа и неа и на секој што ќе и дојде на гости, му останува единствено само да ужива во бајковитиот амбиент осмислен во секој сегмент од домаќинката.
@marijaluisa8♬ original sound – Marija Luisa
Се разбира, ако веќе доаѓате на гости во дом налик на оној на Дедо Мраз, очекувајте таму да ве пречека „Снежана од бајките“… Подготвена за срдечно дружење крај елката покрај каминот…
Но, вакво гостопримство не му се случува баш секому и толку често. Затоа, ваше е само да оставите бакнеж што се памети… на вистинското место!
Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska
Видео: ТикТок/ marijaluisa8